Куман ќе и земе на Барселона 10 милиони евра

139

Барселона и Роналд Куман постигнале договор за раскинувањето на договорот меѓу двете страни, објави каталонскиот весник „Ел Периодико“. Клубот се обврзал да му плати казна од 10 милиони евра за неговиот предвреме раскинат договор.

Според договорот, Барселона требаше да му плати на Куман 12 милиони евра, но специјалистот се откажа од 2 милиони за да постигне побрз договор.

Куман беше заменет на кормилото на каталонскиот гигант со привремениот тренер Серхи Бархуан, пред Чави Ернандез конечно да биде назначен за нов тренер.

ПретходноИФАБ не дозволи подолго полувреме, но дозволи по пет замени на секој натпревар
СледноКонечно ќе има деби: Еди Хау е ковид-негативен и в сабота ќе го води Њукасл