Маестрална партија: Македонија загуби од Шпанија, но го доби Тео Симиќ!

1546

 

Тео Симиќ, запаметете го ова име, ако веќе не го знаете. Има неполни 18 години, а вечерва против светскиот првак одигра маестрално, фантастично. Успеа да реализира дури 18 поени.

Да, Македонија загуби од Шпанија, но го доби Тео Симиќ. Тој е нашата голема надеж во репрезентацијата, а игра и во тимот на Барселона -Б. И моженби затоа имаше дополнителен мотив да одигра најдобро против “своите“ Шпанци.

Тео на паркетот беше вкупно 16 минути, селекторот Драган Бајиќ му даде голема доверба, а овој возврати со фантатсилен настап. За 2 поени имаше 75%, исто и за три поени имаше 75%.

ПретходноСо пораз ги почнавме квалификациите: Шпанија е пресилна за Македонија!
СледноСкариоло: Симиќ е голем талент, Барса не го земала бадијала