Манчини: Македонија е незгоден тим и нема да ни биде лесно

872

Предмалку одржаната ждрепка за мундијалскиот бараж за следното светско првеснтво во Катар 2022 година ја стави репрезентацијата на Македонија во дуел против силната Италија. Во ждрепка во која можеше да  ни се паднат селекции како Велс, Шкотска, Шведска, нам ни пристигнува како ривал во полуфиналето една од најсилните селекции во светот, Италија, која имаше проблеми во основните квалификации па сега ќе мора преку баражот односно Македонија да остварува пласман.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини даде сосема дипламатски одговор кога е во прашање дуелот со Македонија.

„Македонија е многу незгоден тим. Играат многу добро и покажаа дека се силен тим. Мислам дека ова не е воопшто лесна ждрепка за нас, напротив е доста тешка“ – рече Манчини.

Во второто полуфинале од нашата група ќе се сретнат Португалија и Турција, а победникот од нашиот дуел, оди на победникот од овие две селецкии.

ПретходноАко ја победиме Италија, финалето го играме во Лисабон или Истанбул!
СледноСамо три “визи“ а 12 желби, еве го патот до Мундијалот!