Вардар 1961 не успеа на својата публика да и даде победа на последниот домашен меч во Лигата на шампиони за оваа година. На домашен терен македонскиот првак беше совладан од Пик Сегед, двапати во седум дена, овој пат во СЦ „Јане Сандански“ со 27-30.
Во осмиот меч во ова натпреварување, „црвено-црните“ го запишаа петтиот пораз во низа, но останаа на шестото место кое носи пласман во нокаут фазата. Првото полувреме беше фатално за крајниот резултат, по водството од 1-0, следеше темнина во нападот која траеше цели 16. минути. Унгарскиот првак веќе беше влезе во ритам, а во вториот дел имаше блесок Филип Талески, мечот го заврши со четири гола, еден е вистинско ремек дело.
И покрај поразот овој погодок на македонскиот репрезентативец ја заслужува сета почит.
There comes the jump… eh, hip shot 😆
Nice move, Filip Taleski!@HCVardar @pickhandball #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/iuuGGwXXoL— EHF Champions League (@ehfcl) November 25, 2021