Можеме со Италија: Во Торино одигравме реми, во Скопје ги спаси Имобиле! (ВИДЕО)

805

Според традицијата, историјата ако сакате, сепак ние во минатото покажавме дека можеме да се носиме со Италија, и тоа како. Со „аѕурите“ се сретнавме во квалификациите за СП во Русија 2018.

Прво игравме во Скопје, и тоа на 09.10.2016, пред 20.000 гледачи на Арената каде имавме и водство од 2:1 со головите на Несторовски и Хасани. Маестрален меч, еден од најдобрите на нашата репрезентација во последно време. Сепак тој Чиро Имобиле не дозволи македонска радост. Со головите во 75. и 90.,минута го сврте резултатот на 2:3.

Една година подоцна ги одмеривме силите во Торино. Уште една наша добра партија и краен резултат од 1:1. Кјелини ги доведе Италијанците во водство од 1:0 во 40.минута, за да Трајковски во 77.минута израмни на 1:1.

ПретходноКристијано пак нека ПЛАЧЕ, но сега од МАКЕДОНИЈА!
СледноЛотар Матеус: Не ја отпишувајте Македонија предвреме, таа ја победи Германија!