Нема веќе оправдувања, ЕХФ одлучи на ЕП само вакцинирани или прележани

251

ЕХФ донесе одлука во која се вели дека на претстојното Европско првенство може да настапат исклучиво играчи кои прележале Ковид 19 или пак кои се вакцинирани. Оваа одлука покрај тоа што важи за континенталниот собир за мажи во Унгарија и Словачка во јануари следната година важи и за Мундијалот за жени кои се игра во Шпанија.

Покрај ова, на самиот настан секој втор ден ќе се прават ПЦР тестови на сите ракометари и членови на стручен штаб. Доколку пак се појави позитивен, сите кои биле во контакт со него со негативен ПЦР тест може да се вратат на терен.

Македонија е во групата А на ЕП што ќе се игра во Дебрецен и ќе се соочи со Данска, Црна Гора и Словенија.

ПретходноСпоменик во Наполи во чест на Диего Армандо Марадона
СледноДамјан Стојановски: Мора да бидеме најдобри против најдобрите