Резултати од анкетата на „Спортмедиа“: Никако Португалија и Италија, ги сакаме Шкотска и Велс!

436

“Спортмедиа“ во изминатите три дена правеше анкета со наши некогашни репрезентативци, селектори, стручни лица, членови на стручниот штаб на нашата репрезентација,се разбира и со голем дел од актуелните репрезентативци. Прашањето беше едноставно-која репрезентацијата е НАЈ(НЕ)ПОСАКУВАНА за ривал на денешната ждрепка во баражот или плеј –офот за пласман на СП во Катар 2022.

Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс. Тоа се селекциите кои можат да ни се паднат во полуфиналето.

Познато е дека денеска во 17 часот во Цирих ќе се одржи ждрепката во која ќе биде и Македонија. Претходно во детали објаснивме како таа ќе се одвива, а нашите соговорници ги дадоа следните одговори.

Имено сите 15 соговорници се сложија дека нема да биде добро да ни се паднат Италија и Португалија, додека добро ќе биде да ги добиеме Шкотска и Велс.Тие во своите одговори требаше да издвојат кои три репрезентации ги сакаат или не ги сакаат за ривали во полуфиналниот бараж.

РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА

ЛОША ЖДРЕПКА:

ИТАЛИЈА-15 (гласа)

ПОРТУГАЛИЈА-15

ШВЕДСКА-13

РУСИЈА-2

ДОБРА ЖДРЕПКА:

ШКОТСКА-15

ВЕЛС-15

РУСИЈА-13

ШВЕДСКА-2

ПретходноКонте по поразот од Мура: Дури сега ја сфаќам ситуацијата
СледноМајсторија од „колк“ на Талески за почит (ВИДЕО)