Тимот на Емполи на стартот на ова 14. коло од Серија А, успеа да изведе екстра победа на домашен терен и тоа против фаворизираниот тим на Фиорентина од конечни 2:1. Победата е уште послатка за домаќинот ако се знае дека е извојувана со голови постигнати во самиот финиш на мечот односно во 87. односно 89. минута со головите на Бандинели и Пинамонти.
Претходно гостите дојдоа во водство со голот на Душан Влаховиќ во 57. минута, но не знаеја истото како да го сочуваат. Домашните одиграа пожртвувано, веруваа во успех и стигнаа до него.
Сампдорија со пресврт до три бода
Идентично како и тимот на Емполи, и Сампдорија на домашен терен најпрво губеше денеска од Верона, но потоа стигна до победа од 3:1. Тамезе во првиот дел ги доведе гостите во водство од 0:1, за во вториот дел да дојде до целосен пресврт со головите на Кандрева, Бережински и Муру.