Утре во меч од 15.коло во ПМФЛ, на Чаир во Скопје домашниот состав на Шкупи го дочекува тимот на Струга Трим Лум. И покрај се овој меч ќе биде во сенка на страшната трагедија во Бугарија каде многу луѓе од оваа скопска населба пред неколку денови го загубија својот живот во автобуската несреќа.
“Против Струга ТЛ ќе биде тоа тежок меч, но и тежок меч за нас. Уште сме под импресии на трагедијата од 23 ноември. Многу наши роднини ги загубија своите животи во Бугарија. Што се однесува до самиот натпревар, ние можеме да им ветиме на нашите фанови убав и квалитетен натпревар од наша страна против Струга ТЛ. Се разбира дека сакаме победа. Да, точно е дека гостите имаат добри играчи, но ние сме максимално подготвени“ изјави Фати Исмаили, капитенот на Шкупи, лидерот во нашата ПМФЛ.