Слога Виница по денешното 12.коло во ВМФЛ – ИСТОК одново е на првото место. Имено виничани го искористија фактот дека Победа беше катастрофално поразена од Саса во Македонска Каменица, а тие со 3:0 славеа против ТИМ Локомотива и одново го запоседнаат врвот.
Митрв од пенал, Иванов си даде автогол, а толка стави Крклински за 3:0. Сосема доволно за три бода.
Одличен меч одигра Саса против Победа и со головите на Божинов, Нешовски и Алексовски, успеа да освои големи три бода.
Осогово продолжува со добрата форма, со 2:4 победи на гости кај Братство, додека Кожуф и Детонит одиграа 1:1. Во последниот меч Беласица како гостин го победи Кит Го со 0:1.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 12.КОЛО
БРАТСТВО – ОСОГОВО 2:4
СЛОГА (В) – ТИМ ЛОКОМОТИВА 3:0
САСА – ПОБЕДА 3:0
КОЖУФ – ДЕТОНИТ 1:1
КИТ ГО – БЕЛАСИЦА 0:1
ТАБЕЛА
Слога (В) 28, Победа 26, Саса 24, Беласица 23, Осогово 17, Кит Го 16, Детонит 14, Кожуф 13, ТИМ Локомотива 5, Братство 4.