Финансиска полиција во Јувентус – истрага за проневерени 50 милиони евра!

240

Финансиската полиција упаднала во просториите на Јувентус поради проневера на 50 милиони евра! „Газета дело Спорт“ известува дека претседателот на „Старата дама“ Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи и уште тројца челници на клубот се под истрага поради наводно лажни финансиски сметки.

Италијанските власти ги собрале документите за трансферите, фактурите и финансиските извештаи, а истрагата се однесува на финансиски измами од трансфери на играчи и менаџерски бонуси во текот на сезоните 2018/19, 2019/20 и 2020/21.

Под посебна лупа е размената на Миралем Пјаниќ и Артур Мело од 20201 година.

Инспекторите на единицата за економско-финансиската полиција во Торино добија инструкции да приберат документација и други корисни елементи кои се однесуваат на финансиските извештаи на клубот од 2019. до 2021. година, а се однесуваат на купување и продажба на играчи и редовно составување на финансиски извештаи. Во овој момент активностите се насочени на утврдување на кривично дело – лажна комуникациска компанија и издавање на фактури за непостоечки трансакции, кон највисокиот менаџмент и раководителите од областа на финансискиот и спортскиот менаџмент. За разгледуваат и некои трансфери на играчи како и услугите на некои агенти кои се вклучени како посредници“, известуваат од Јавното обвинителство во Торино.

ПретходноДенвер без Јокиќ реди порази, Лејкерс поразени дома од Кингс
СледноАфрика кажа „ДА“ за Мундијал на секои две години!