Африка кажа „ДА“ за Мундијал на секои две години!

143

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) ја поддржа идејата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за одржување на Светското првенство на два наместо на четири години. Со тоа ЦАФ стана првата Конфедерација која јавно го одобри планот за Мундијал на секои две години, а да потсетиме дека Европа и Јужна Америка се против.

Оваа поддршка дојде на Конгресот на ФИФА во Каиро на кој исто така беше поддржан и предлогот за формирање на Суперлига за африканските клубови.

Претседателот Џани Инфантино го говорот пред челниците на ЦАФ, кој ја сочинуваат 54 држави, рече дека противниците на идејата СП да се одржува на секои две години се плашат дека ќе бидат симнати од врвот на светскиот фудбал.

Тие што се противат се на врвот на светскиот фудбал. Тоа се случува во секој сектор во животот, кога ќе се споменат промени и реформи, тие што се на врвот не сакаат ништо да се менува. Можеби се плашат дека нивната позиција ќе биде загрозена ако нешто се промени“, изјави Инфантино кој беше на чело на УЕФА до 2016 година кога беше избран за претседател на ФИФА.

Европа и Јужна Америка беа успешни на Мундијалите. Тие се пример за сите, но во исто време не можеме да им затвориме врата на другите“, додаде Инфантино.

Ниту една африканска репрезентација не стигнала подалеку од полуфинале на СП, а тој континент ќе има само пет репрезентации во Катар. Тој број ќе се зголеми на десет во 2026 година кога ќе се одигра првото СП со 48 селекции.

ПретходноФинансиска полиција во Јувентус – истрага за проневерени 50 милиони евра!
СледноПМФЛ: “Гипсарите“ против “пандевци“ во битка за второто место на табелата!