Барселона и Чави победнички и кај Виљареал (ВИДЕО)

285

Барселона под водство на Чави ја оствари и втората победа, откако вечерва на гостувањето кај Виљареал славеше со 3:1. Каталонците први поведоа со голот на Френки Де Јонг во 48. минута, но домашните кои беа доволно упорни, успеаја во 76. минута преку Нигериецот Чуквуезе да дојдат до израмнување.

Со оглед на играта во продолжението, домашните се надеваа дека ќе дојдат до бод, но во 88. минута Мемфис Депај успеа да погоди за ново водство на гостите. Во завршницата на мечот, Барселона постигна и трет гол, овој пат од белата точка преку Кутињо, со кој беа постигнати и конечните 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноИнтер ja „нанижа“ и Венеција и се приближи до врвот на Серија А (ВИДЕО)
СледноРангник веќе го нашол првото засилување за Јунатед во јануари