Фудбалерите на Беленензес мораа да го почнат вечерашниот дуел со Бенфика со само 9 играчи на теренот, откако дури 17 фудбалери на тимот се заразени со Ковид-19. Мечот доцнеше 30 минути, затоа што домаќините немаа доволно играчи за почеток намечот од португалската елита.
Интересно е што меѓу деветтемина кои заиграа против Бенфика се најдоа и двајца голмани. Еден е на голот, а другиот игра одбрана. Со оглед на тоа што немаат замени, прашање е дали мечот ќе заврши.
Бенфика на полувреме води со 7:0.