Вака се сака татковината: За два дена одигра 65 минути само за да игра за својата репрезентација

598

Една од ѕвездите на грузиската кошаркарска репрезентација, Торнике Шенгелија, немаше проблем да одигра два меча за два дена, само за да биде дел од репрезентацијата на својата земја. Вчера Шенгелија играше за Грузија во победата над Украина (88:83) во 1. коло од квалификациите за СП 2023 во групата во која е и нашата репрезентација, а само ден претходно одигра меч за ЦСКА (М) против Баерн од Евролигата.

Шенгелија за два дена одигра два меча во кои на терен мина вкупно 65 минути.

„Мојата мотивација не е променета од детството. Првиот пат кога ја гледав мојата репрезентација на еден меч, тоа беше овде и во оваа сала. Мојот прв сон, пред да одам во НБА, беше да играм за мојата репрезентација, за мојата земја. Ова е мотивацијата што ја имам од првиот ден и ништо не се смени. И сто проценти можам да кажам дека ништо нема да се смени се додека можам да играм“, вели 30-годишниот Шенгелија.

ПретходноНајденов погодува за Навбахор во серија (ВИДЕО)
СледноВетеранот Мајер победник на првиот сезонски спуст во Лејк Луис