Дарко Велковски, нашиот репрезентативец и интернационалец ги одигра сите деведесет минути за својот тим Ријека кој извојува тешка победа на гостувањето кај Славен Белупо со конечни 1:2.
Ријека поведе со автоголот на Крстановиќ, а потоа Дрмиќ донесе двојно водство. Сепак, мечот ни оддалеку не беше готов, затоа што домашните резултатски се вратија преку интернационалецот од Молдавија, Михаил Чаиманов, кој намали на 1:2, а зенитот на мечот се случи во последните моменти. Досуден беше пенал за домаќините, одговорноста ја презема Хаџиќ, но за голема жал на Славен Белупо, истиот не го реализираше.
Со ова тимот на Ријека остана при самиот врв на табелата со освоени 34 бодови и второ место поен за лидерот Осијек.