ВМФЛ – ЗАПАД: Воска VS Вардар, супер – дерби во Охрид!

397

Денеска во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори“ се игра супер – дербито во ВМФЛ – ЗАПАД. Во меч од 12.коло се среќаваат Воска Спорт и Вардар. Меч кој веројатно и ќе ја одреди судбината на двете екипи во оваа сезона во поглед на прашањето која од нив ќе биде втора и која ќе игра бараж за пласман во елитата, посебно ако се знае дека Силекс веќе “одлета“ на +9 од Воска и +11 од Вардар и е веќе “прволигаш“. Се разбира дека има уште многу да се игра, но ако победи тимот на Раде Цицмиловиќ тогаш ќе има +5 во однос на Вардар, а ако пак триумфира составот на Никола Глигоров е тогаш тој ќе се најде на таа втора позиција на табелата по ова 12.коло. А тогаш се знае, тешко дека Вардар ќе може да се стигне.

Токму затоа овој меч е многу, многу значаен за двете екипи.

Очекуваме борбен, тврд, нервозен меч, секој кикс ќе биде фатален.

Силекс на свој терен го дочекува Охрид и се очекува триумф на лидерот, Тетекс пак му гостува на Кадино, а Беса игра против Гостивар, додека Велешта му е домаќин на Кораби.

ДВОЈКИ ЗА 12.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

СИЛЕКС – ОХРИД

КАДИНО – ТЕТЕКС

БЕСА – ГОСТИВАР

ВЕЛЕШТА – КОРАБИ

ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 31

2.ВОСКА СПОРТ 22

3.ВАРДАР 20

4.КОРАБИ 15

5.ТЕТЕКС 14

6.ГОСТИВАР 13

7.ВЕЛЕШТА 13

8.ОХРИД 10

9.БЕСА 9

10.КАДИНО 6

ПретходноПознато е кога ќе играме со европскиот првак во плеј-офот
СледноИталијанците се среќни што Елмас нема да игра за Македонија