Е.Пелистер пресилен за помалиот брат

151

Тимот на Е.Пелистер со конечни 38-20 (18-9) успеа да слави над тимот на Е.Пелистер 2, во рамките од дуелот од редовното коло од домашниот ракометен шампионат Суперлигата. Ова за Битолчани беше осмата победа во серија, а истата беше потврдувана во текот на целиот меч. Како во првиот дел, така и во вториот, објективно поквалитетниот тим на Е.Пелистер ја градеше предноста која на крајот за малку не стигна и до дваесет гола разлика.

Костески со десет гола беше најјефикасен кај победничкиот тим, додека пак на другата страна се истакнаа Белистојановски и Павле Атанасијевиќ со по три гола.

 

 

 

ПретходноМОЛ победи, Муслиу „поцрвене“
СледноАталанта го „сруши“ Јувентус на негов терен (ВИДЕО)