Италијанците се среќни што Елмас нема да игра за Македонија

1280

Италија ја доби Македонија за противник во полуфиналето на фајнал-фор турнирот за пласман на СП во Катар. На Апенините повеќе се фокусираат на финале со Португалија и Кристијано Роналдо, но пред да дојде до тоа ќе треба да ја поминат Македонија, додека Роналдо и другарите треба да ги победат Турците.

Забораваат дека пред нив е селекцијата на Македонија. Медиумите посочуваат дека селекцијата на Македонија е аутсајдер на хартија, меѓутоа во реалноста не е лесен залак, а тоа го потврди со триумфот над Германија и одличниот финиш на квалификациите.

А истовремено посочуваат дека за Италија е добро што за Македонија нема да игра Елиф Елмас кој е добро познат на Апенините со оглед на тоа дека игра добро за Наполи.

Македонија не е непобедлив тим, ама не е ни тим со кој лесно се игра и Германија е примерот за тоа. Ѕвезда на тимот дефинитивно е Елиф Елмас, наследникот на Горан Пандев, квалитетен играч за врска кој несомнено е најдобар македонски фудбалер. Toj и Барди од Леванте ги држат конците во средниот ред. Па, добра вест за Италија е што Елиф нема да игра против ‘аѕурите’, затоа што играчот на Наполи е суспендиран и ќе го прескокне полуфиналето.

Македонците играат офанзивно, често со 4-3-3. Четворица во одбрана, тројца во средниот ред кои се добри во затворање на празни места и двајца по страничните позиции кои се офанзивни и знаат да предизвикаат хаос во противничките одбрани. Кратко кажано, силни се во контранапади“, анализираат медиумите во Италија.

ПретходноВМФЛ – ЗАПАД: Воска VS Вардар, супер – дерби во Охрид!
СледноВМФЛ – ИСТОК: Лидерот на “жешко“ гостување во Македонска Каменица