Комити: Бараме реконструкција

767

И покрај најавите за голем пресврт во тековната сезона, и освојување бодови против Воска на гостински терен, инаку главниот опонент за годинешниот пласман на второлигашката табела, сепак денеска Вардар во Охрид загуби со 2:1. Бледата игра, не може да се „испере“ со судиските грешки кои ги имало и ќе ги има Вардар денеска едноставно мораше подобро да одигра.

Како производ на тоа, навивачката група Комити, која денеска и покрај сите препреки беше во Охрид да го бодри својот омилен тим, бара одговорност од играчите, односно бара реконструкција на тимот во првиот слободен момент.

„Р Е К О Н С Т Р У К Ц И Ј А

Ова НЕ Е тој ВАРДАР заради кој што дојдовме и покрај сите забрани !“
 – кратко и јасно порачаа Комити кои се НАЈЗАСЛУЖНИ што Вардар пред неколку месеци опстои односно се спаси од тотален распад и колабирање.
FOTO: ФК ВАРДАР КОЧО СОТИРОВСКИ
ПретходноЕмполи во две минути од пораз во победа
СледноХаланд со 50. Бундес гол му донесе триумф на Дортмунд