Бојан Најденов одлично се снајде во тимот на Навбахор на стартот на својата авантура во шампионатот на Узбекистан. Тој е ибедливо најдобриот играч на овој тим, веќе дваесетина мечеви е стартер и ги игра сите деведесет минути, а на последните два меча е и стрелец.
На мечот против Коканд денеска загубени се драгоцени бодови на домашен терен, во поразот од 2:3, а Најденов погоди од пенал. Претходно тој беше творецот на победата на гостувањето кај Андиџан кога Навбахор триумфираше со 1:2, а офанзивецот погоди за двојно водство.