ПМФЛ: “Гипсарите“ против “пандевци“ во битка за второто место на табелата!

153

Рано попладнево во Тетово, на градскиот стадион по Шара се игра дербито на 15.коло. Се среќаваат Ренова и Академија Пандев. Ова ќе биде и прв меч од ова коло, сите останати се играат утре исто од 13 часот. Се среќаваат вториот и третиот на табелата, и кога е така тогаш нормално е да биде дерби на колото.

Се очекува супер интересен меч, играат две екипи кои преферираат напаѓачки фудбал, фудбал за уживање. Така ќе биде и денеска, зошто овие две екипи, после Шкупи се најефикасните во Првата лига.

Ова ќе биде дуел и меѓу Ремзифаик Селмани и Мартин Мирчевски, вториот и првиот на листата на стрелците.

И кога е така, а така е, тогаш нормално е да се очекува голем одличен меч, на кој ќе има многу шанси, отворена игра, и секако, многу голови.

ПретходноАфрика кажа „ДА“ за Мундијал на секои две години!
СледноПознато е кога ќе играме со европскиот првак во плеј-офот