Победничкo селфи на Воска Спорт…охриѓани со +5 пред Вардар!

1222

Дерби како и секое дерби. Нервозно, со многу набој и желба за победа. Денеска во Охрид победи Воска Спорт и тоа со 2:1. Сега охриѓани имаат +5 бодови предност пред Вардар во битката за второто место кое води во баражот, се чини дека најтрофејниот и во следната сезона ќе “чмае“ во Втората лига. Два порази по ред, прво од Силекс а сега од Воска Спорт. Вардар не може да победи на дерби.

Одигравме добро, во текот на целиот меч бевме подобри, Го надигравме Вардар во сите елементи на фудбалската игра. Им честитам на играчите, на сите во клубот за оваа голема победа. Покажавме дека и тоа како вредиме, дека имаме квалитет“ изјави Раде Цицмиловиќ, стратегот на Воска Спорт по мечот. Ианаку ова за него беше прв меч по врќањето во клубот, на минатиот меч во Дебар не беше поради Ковид-19.

И на крајот, како што се вообичаено по една ваква голема победа, следува и победничко селфи од тимот кој денеска го победи најтрофејниот клуб во Македонија.

ПретходноИСТОК: Саса ја “торпедираше“ Победа, Слога (В) повторно на лидерската позиција…
СледноСака и Мартинели за победа на Арсенал над “пребогатиот“ Њукасл!