Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразен аво првиот контролен меч со Србија кој вечерва се одигра во Стара Пазова. Домашните славеа со 33:25 во меч во кој одиграа многу подобро уште од стартот на дуелот, а потоа имаа и солиден финиш.
По одличното прво полувреме, Србинките имаа 10 гола предност (20:10) и потоа веќе беше предоцна да се обидеме да направиме некакво изненадување. Со 6 гола Ковачевиќ беше најефикасна кај Србинките, додека во наша репрезентација 9 гола останаа зад името на Јанеска.
За в понеделник во 12 часот е најавен и вториот тест-меч.