Ралф Рангник ќе го доведе играчот од средниот ред на РБ Лајпциг, Амаду Хаидара како негово прво засилување на менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед.
63-годишниот, моментално шеф за развојот во рускиот тим Локомотива Москва, се очекува да потпише шестмесечен договор како привремен тренер на Манчестер Јунајтед по отпуштањето на Оле Гунар Солскјер.
Како дел од договорот, тој ќе преземе улога на консултант. Според Мирор, Рангник сака да го доведе Хајдара од својот поранешен клуб веќе во јануари. Интересно е што Хајдара има клаузула од 40 милиони евра за предвремено заминување од РБ Лајпциг.