СУПЕР ЛИГА: “Братско дерби“ во Битола – Е. Пелистер 2 на мегдан со Е. Пелистер

166

Денеска се играат четири мечеви од 12.коло во машката ракометна Супер Лига на Македонија. Во очекување сме на интересни дуели, најважно е што Металург го прекина штрајкот и ќе игра против Пролет.

Сепак дербито на колото се игра во Битола, каде меѓусебе силите ќе ги одмерат “братските“ Е. Пелистер 2 и Е. Пелистер.

Колку за потсетување, младите ракометари на Е. Пелистер 2 го победија Вардар сезонава, ќе видиме дали имаат сила за нов подвиг, да слават и над вториот „тешкаш“ во Лигата.

На останатите мечеви се среќаваат Струга и Радовиш, а дуелот во Прилеп, меѓу истоимениот тим и Бутел се игра од 18.30 часот. Сите останати се закажани за во 18 часот.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 12 КОЛО (18:00 Ч)

Е. ПЕЛИСТЕР 2 – Е. ПЕЛИСТЕР

СТРУГА – РАДОВИШ

ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ

ПРИЛЕП – БУТЕЛ (18:30 Ч)

 

ФОТО: E. Pelister FB

ПретходноУште еден бразилски великан „лета“ кон втората лига
СледноПа Омар Џобе: Шкендија го договори првото зимско засилување! (ВИДЕО)