Халанд со 50. Бундес гол му донесе триумф на Дортмунд

90

На својот 50. меч во Бундес лигата, Ерлинг Халанд го постигна 50. гол за тимот на Борусија Дортмунд. Ова е исклучително достигнување, ако се знае дека Норвежанецот има само 21. година и дека пред него се уште децении врвен фудбал.
Дортмунд инаку со голот на Халанд но и со оние на Емџе Џан од пенал односно Дониел Мален стигна до гостински триумф над Волфсбург со 1:3 и се искачи барем за момент на врвот на Бундес табелата по 13. одиграни кола, со 30 бодови два повеќе од Баерн Минхен кој допрва треба да одигра меч викендов.

Келн со екстра бодови за бег од дното

Од друга страна пак Келн на домашен терен со 4:1 победи против екипата на Борусија Менхенгладбах со головите на Љубичиќ, Ут, Дуда и Андерсон и на тој начин успеа да освои бодови со кои избега од дното на табелата и се приклучи кон средината.

Резултати: 

Келн – Борусија М. 4:1

Бохум – Фрајбург 2:1

Гројтер Фурт – Хофрнхајм 3:6

Херта – Аугзбург 1:1

Волфсбург – Борусија Д. 1:3

 

ПретходноКомити: Бараме реконструкција
СледноЛиверпул и натаму гази, ниту Саутемптон не му може ништо