Палмеирас по третпат во историјата е освојувач на најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес. Во големото финале вечерва во Монтевидео, Палмеирас по продолженија славеше со 2:1 над лутиот бразилски ривал, Фламенго и ја одбрани титулата од минатата година.
Рафаел Веига уште во 5 минута погоди за водство на Палмеирас, но Габи Барбоса успеа во 72. минута да донесе израмнување на 1:1 и да го одведе мечот во продолженија.
По само 5 минути игра во првото продолжение, Дејверсон донесе нова ерупција од радост кај фановите на Палмеирас и успеа на “зелените” да им обезбеди нов трофеј.
За Фламенго ова е прв пораз во финален меч од Копа Либертадорес. Досега на 2 претходни финалиња, Фламенго имаше две победи.