Ливерпул и натаму гази, ниту Саутемптон не му може ништо

154

Тимот на Ливерпул уште еднаш сезонава покажа дека повторно ќе биде на самото чело на Премиерлигашката табела и дека ќе се бори за трофејот до последното коло.

Извојувана е уште една победа од страна на момците на Јирген Клоп овојпат против Саутемптон со високи и убедливи 4:0.

Почетното водство дојде по само две минути, откако погоди Жота, а истиот играч зголеми на 2:0 во 32. минута. Тиаго пет минути подоцна зголеми на 3:0, и уште тука се виде дебаклот на гостите на овој меч. Ван Дијк во 52. минута зголеми на 4:0 и го постави конечниот резултат на овој меч.

Резултати: 

Кристал Палас – Астон Вила 1:2

Ливерпул – Саутемптон 4:0

Норвич – Вулверхемптон 0:0

 

ПретходноХаланд со 50. Бундес гол му донесе триумф на Дортмунд
СледноОбамејанг прописно се обрука (ВИДЕО)