Убав фудбал во првите 45.минути, напаѓачки од двете страни на двете страни. Сепак Академија Пандев води со 0:1 на гостувањето кај Ренова. И тоа со голот на Маронг во 42.минута кога убаво се снајде пред голот на “гипсарите“ и со глава ја затресе мрежата на Велии.
Претходно Мартинага ја погоди стативата на Ренова.
На другата страна пак Алии имаше убава шанса, можеше и Селмани да погоди, но немаше гол за “гипсарите“.
Па така на пауза се замина со водство на гостите.
Инаку ова е дерби мечот од 15.коло во ПМФЛ, единствен кој се игра денеска, сите останати се играат утре.