Андон Бошковски повеќе не е тренер на Пролет

157

Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб на првата екипа, Андон Бошковски.

Причина за ваквиот потег е серијата слаби игри што кулминираше со трите порази во низа во Супер-лигата. На последниот состанок одржан во текот на денешниот ден заеднички со тренерот одлучeно е дека најдобро за клубот е да се прекине соработката.

Бошковски досега предводеше неколку суперлигаши, меѓу кои Вардар, Еурофарм Работник, КЛ7, Струга…

ПретходноЖоржињо му подари гол на Јунајтед, а потоа му донесе бод на Челзи (видео)
СледноСкопје покажа мускули, но на крајот славеше Вардар (фотогалерија)