Екипата на Шкупи ја совлада Струга Трим Лум со 4:0, а сите четири гола паднаа во второто полувреме. Тренерот на чаирската екипа Гоце Седлоски е задоволен од резултатот, но призна дека владеела голема нервоза во екипата во првото полувреме поради што морал да реагира на полувреме.
„Честитки за моите играчи кои го дадоа најдоброто. Среќен сум со мечот кој го одиграа. Во првиот дел имавме притисок и бевме нервозни, но го смирив тимот на паузата и така игравме подобар фудбал со кој создадовме шанси и постигнавме голови. Сметам дека победата е заслужена. Не сакам да ги изоставам тука и навивачите, благодарност за нивната поддршка за време на мечот“, изјави Седлоски.