Анже Ланишек ја оствари првата победа во кариерата во Светскиот куп во скијачки скокови откако денеска триумфираше на скокалницата „Рукатунтури“ во финскиот зимски центар Кусамо. Словенецот имаше скокови од 147 и 135 метри на скокалницата долга 142 метри и успеа да собере 311,9 поени.
За 1,5 поени беше подобар од германската ѕвезда Карл Гајгер, кој имаше скокови од 138 и 142,5 метри. А третото место го зазема Германецот Маркус Ајсенбихлер кој беше втор по првиот скок, но имаше слаб резултат во вториот скок.
Инаку вчера на првиот ден на „Рукатунтури“ најдобар скок имаше Јапонецот Рују Кобајаши, а втор беше Ланишек додека трет Ајсенбихлер.
Следните натпревари се на 5 декември на скокалницата „Малинка“ во полска Висла.
Winning jump: Anze Lanisek / #Ruka, November 28, 2021#skijumping #FISskijumping pic.twitter.com/bYa6FohTUM
— FIS Ski Jumping (@FISskijumping) November 28, 2021