Тимот на ПСЖ предмалку извојува триумф на гостувањето кај Сент Етјен со конечни 1:3, но малку кој се израдува во таборот на парижаните по последниот свиреж.
Бразилецот Нејмар во последните моменти од мечот доживеа тешка повреда по што беше изнесен од теренот и заменет. Страдаше зглобот на неговата лева нога, и засега се чека информација за колку страшна повреда се работи.
Вака „од прва“ што се вели, јавноста е шокирана, а во секој момент се чека официјална информација.