Енис Барди со асистенција за Шкодран Мустафи му донесе водство на својот тим Леванте на гостувањето проти Бетис попладнево, но попусто, кога домаќините во вториот дел од овој дуел направија комплетен пресврт и забележаа триумф од 3:1.
Нашиот интернационалец се најде во стартниот тим за Леванте, и асистираше уште во седмата минута. Сепак, во второто полувреме домашните тотално се рехабилитираа играчки но пред се резултатски и преку хет трикот на Хуанми успеаа да направат комплетен пресврт.
Сега, тимот на Леванте дефинитивно е закован за последното место на табелата со само седум бода, додека пак Бетис ита кон Европа што се вели со 27. бода во моментов и четврто место.