Влатко Костов: Тиквеш мечот со Работнички мораше да го добие и го ДОБИ!

1538

Славје во Кавадарци. Тиквеш попладнево со 2:0 успеа да го победи Работнички во меч од 15.коло во ПМФЛ. Нгоба и Спахиу беа стрелците на головите, а за тоа како го виде овој меч свој коментар за “Спортмедиа“ има Влатко Костов, стратегот на Тиквеш, инаку поранешен тренер на Работнички.

Тиквеш овој меч мораше да го добие и го доби. Нашите играчи пред натпреварот беа под неверојатен притисок, сепак успеаја да се справат со него. Заслужена победа, освоивме три бода против еден силен тим и покажавме дека заслужуваме и следната сезона да играме во елитата. Честитки за сите играчи на Тиквеш. Одиграа крајно дисциплинирано, одговорно, во целост ги исполнија задачите на стручниот штаб. И секако големи честитки на заслужената победа. Само вака да продолжиме“ изјави Костов.

ПретходноХорор повреда на Нејмар (ФОТО)
СледноБарди асистираше во поразот на Леванте (ВИДЕО)