Челзи и Манчестер Јунајтед одигаа нерешено 1:1 во дербито на 13. коло во англиската Премиер лига. Во првото полувреме тимот од Манчестер не направи ништо, а Челзи можеше лесно да ја круниса својата надмоќ. Хадсон-Одои промаши во 4. минута, потоа Ридигер ја погоди пречката.
Во второто полувреме Јунајтед дојде во предност од ништо. Се играше 50. минута кога Жоржињо направи кардинална грешка и им подари топка на гостите, Санчо и Рашфорд излегоа сами пред голманот Менди, а Санчо реализира за 0:1.
Во 68. минута Жоржињо се извади за грешката. Силва е соборен во казнениот простор, а судијата покажа пенал. Италијанецот е прецизен од белата точка за 1:1.
Во финишот шанси имаа Вернер и Ридигер но резултатот остана непроменет.
Челзи со овој бод се врати на првата позиција со 30 бодови, еден повеќе од вториот Сити, а два од Ливерпул. Манчестер Јунајтед е осми со 18 бодови.