Македонскиот напаѓач Агим Ибраими е креатор на триумфот на Динамо Тирана во дуелот со Кастриоти во албанскиот шампионат. Ибраими постигна фантастичен гол во 66. минута, шут од слободен удар од голема далечина кој голманот на противникот не можеше да го одбрани.
Малиќи доби црвен картон, а цел меч одигра Силјановски, додека во вториот дел влезе и Исаевски.