Струга Трим Лум попладнево ќе го има најтешкото гостување во есенската сезона. Ќе гостува на Чаир каде против лидерот Шкупи ќе треба да ги одмери силите. Шкупи откако се врати на Чаир знае само за победи на свој терен, но Струга ТЛ знае како се игра добро, и се победува Шкупи. Имено оваа есен тимот на стратегот Срѓан Захариевски успеаја да го совладаат составот на Гоце Седлоски.
Во пресрет на денешниот меч, кој почнува во 13 часот, инаку меч од 15.коло, свој коментар има Клисман Цаке, еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ, а често покажува дека знае и тоа како да постигнува спектакуларни голови.
За тоа што може Струга ТЛ денеска на Чаир, Клисма вели…
“Нашиот морал е на висооко ниво, и тоа благодарение на двете последователни победи во ПМФЛ. Ние не криеме дека Струга ТЛ денеска на Чаир ќе оди по трите бода. Како и на секој друх натпревар, така и против Шкупи ќе играме за да победиме“истакна Цаке.