Некој ќе каже дека традицијата и не е нешто посебно. Ама дали е баш така. Имено попладнево во Ѓорче, Шкендија дојде, виде и победи. И тоа по 16 пат од вкупно 22 меѓусебни меча со „лавовите“. Звучи неверојатно, ама Македонија во поново време во меѓусебните мечеви во ПМФЛ нема ниту една победа над Шкендија, едноставно не знае како да се победи тимот од Тетово.
Имено на 22 меча Шкендија има 16 победи и 6 ремија.
Тетовци денеска водеа со 0:2, но сепак на крајот стравуваа за победата. Ако не беше Костадин Захов кој во финишот успеа да одбрани два чисти зицери, се чини дека тетовци ќе останеа со два бода помалку. Треба да се каже дека речиси 60-тина минути играа со играч повеќе откако домашниот фудбалер Мишевскио беше исклучен.
Инаку ова беше крај и на блескавата победничка серија на Македонија ЃП под водство на тренерот Муарем Бајрами.