Рано попладнево од 13 часот на програмата се пет мечеви од 15.коло во ПМФЛ. Вчера во Тетово, во дербито, во супер – квалитетен меч, А. Пандев како гостин ја победи Ренова со 1:2 и му се приближи на Шкупи на само еден бод. Сепак чаирчани имаат меч помалку, и затоа денеска не смеат да си дозволат кикс на дуелот со Струга ТЛ на Чаир.
Секако дека не е дерби, но дуелот во Кавадарци ќе биде исклучително важен и за Тиквеш и за Работнички. Имено “романтичарите“ повторно се во лоша серија, на табелата се на чекор до бараж-зоната и мораат по секоја цена да почнат да победуваат. Секако дека и Тиквеш ќе бара триумф, посебно ако се знае дека Тиквеш е “напален“ фудбалски ако се знае дека деновиве во клубот влегува странски капитал кој од Тиквеш би требало да го направи еден од нашите најдобри клубови.
Да кажеме и тоа дека тренерот на Тиквеш, Влатко Костов е екс стратег на “романтичарите“.
СКОПЈЕ ЈА ПРОДОЛЖУВА МИЗЕРИЈАТА НА ПЕЛИСТЕР
Звучи фрапантно, но вистинито е. Пелистер во изминатите 14.коло не забележа ниту една победа, па така со тие четири ремија и исто толку бодови уште сега може да се пакува за во Втора лига. Ете шанса за Скопје, тим кој со триумф под “Тумбе Кафе“ ќе освои драгоцени бодови и ќе ја продолжи мизеријата на Пелистер.
Шкендија гостува во Ѓорче, секако дека “лавовите“ сакаат да ја продолжат супер – серијата под водство на стратегот Муарем Бајрами, но и тетовци си имаат свои сметки.
Во Штип екипата на Брегалница не би требало да има проблеми со Борец, се чини дека и велешани се откажаа од тоа да се спасуваат од најлошото. Но, ајде да не ги отпишуваме предвреме.
ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ВЧЕРА:
РЕНОВА – А.ПАНДЕВ 1:2
ТАБЕЛА
1.ШКУПИ 32
2.А.ПАНДЕВ 31 (+)
3.РЕНОВА 25 (+)
4.ШКЕНДИЈА 24
5.СТРУГА ТЛ 22
6.БРЕГАЛНИЦА 22
7.МАКЕДОНИЈА ЃП 20
8.РАБОТНИЧКИ 18
9.СКОПЈЕ 16
10.ТИКВЕШ 10
11.БОРЕЦ 8
12.ПЕЛИСТЕР 4