Интересни, возбудливи мечеви попладнево во рамките на 15.коло во ПМФЛ.
Посебно интересно беше на Чаир, каде се до 55.минута резултатот беше 0:0. Струга ТЛ беше сосема добра, имаше и “искри“ но потоа на сцена стапија домашните играчи. Од 55 до 70 минута постигнаа четири голови, од кои два беа дело на Адетуџи за висока победа. Секако и заслужена.
Многу интересно беше во Ѓорче. Шкендија имаше два разлика до финишот, но потоа на сцена стапи Камара прво со гол, а потоа и со супер шанса, но Захов во два наврати ја спасуваше победа на Шкендија од 1:2.
Брегалница дома губеше од Борец, Ѓорѓевиќ ги изненади домашните, сепак со головите на Ацковски и Алтипармаковски успеа да го сврти резултатот во своја корист. Пак тој Алтипармаковски носи златни бодови за „сините“.
Тиквеш го продолжи очајот на Работнички. Нгоба и Спахиу со два убави гола му донесоа голем триумф на кавадаречкиот тим, додема гостите од Градски парк тонат ли тонат на табелата.
Пелистер и Скопје одиграа без голови. Изненадувачки резултат ако се знае во каква ситуација се битолчани.
Вчера во дербито А. Пандев како гостин ја победи Ренова со 1:2.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 15.КОЛО
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ 4:0
(Адетунџи 55., 70., Сенгор 59., Маркоски 61.,/)
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 2:0
(Нгоба 35., Спахиу 69./)
ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 0:0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1:2
(Камара 83./Гури 11., Шаља 77.)
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ 2:1
(Ацкоски 45., Алтипармаковски 80.,/Ѓорѓевиќ 4.)
ВЧЕРА:
РЕНОВА -А. ПАНДЕВ 1:2
(Селмани 90./Маронг 42., Мирчевски 77.)