Иако нема многу голови во првите 45.минути во петте мечеви од 15.коло во ПМФЛ, сепак беше интересно. Имено на Чаир, каде играат Шкупи и Струга ТЛ, имаше “искри“, мала “гужва“ по стартот на Руватубјае врз Кадриу. Епилог на ова се жолти картони на Наумовски и Кадриу. Како и црвени за помошниците на тренерите Седлоски и Захариевски.
Шкендија со голот на Гури води во Ѓорче, против Македонија ЃП, која е ослабена и со исклучувањето на Мишевски.
Тиквеш дома против Работнички води со 1:0 со прекраснкиот гол на Нгоба.
Во Штип е 1:1, а во самиот финиш на полувремето во Битола меѓу Пелистер и Скопје беше 0:0.