Екипата на ПСЖ освои три бода на гостувањето кај Сент Етјен денеска со конечен резултат 1:3 и на тој начин го освои 40. бод сезонава.
Иако самиот меч за гостите не тргна најдобро сепак, преголемиот квалитет кој го псоедувааат Парижаните на крајот излезе на површина. По поништениот гол на Нејмар, следуваше негативата со голот на Боуанга. Сепак, пред полувреме Маркињос израмни на 1:1, а Ди Мариа во вториот дел ги доведе гостите во водство од 1:2. Макрињнос во финишот погори за 1:3, поставувајќи го конечниот резултат на овој меч.
За тимот на ПСЖ конечно по неколкумесечно исчекување дебитираше Серхио Рамос, и ги одигра целиот меч.