Торонто и Драгиќ се пред раскинување на соработката

198

Торонто Репторс и официјално објавија дека му дале време на 35-годишниот словенечки кошаркар, Горан Драгиќ да ги реши личните прашања. Точниот период на отсуство на Драгиќ не се знае, но, според извори во „Bleacher Report“, станува збор за недела или две.

Словенецот се пресели во  Торонто ова лето од  Мајами. Тој играше за Репторс на скоро секој претсезонски натпревар и на четири средби оваа сезона, но мистериозно го снема од тимот.

Претходно имаше информации дека Рапторс планираат да го разменат Словенецот пред истекот на рокот, но засега нема потврда за трејд.

ПретходноВинисиус со проектил донесе победа за Реал на „Бернабеу“ (ВИДЕО)
СледноБесниот Кари испиша историја во НБА-лига (ВИДЕО)