Удинезе – Џенова: Нестор и Пандев од клупа ќе ја чекаат својата шанса!

169

За помалку од еден час, во Удине се игра мечот од 14.коло во Серија А меѓу Удинезе и Џенова. Тоа треба да биде и “македонско дерби“, ако се знае дека во двата тима имаме двајца Македонци. Илија Несторовски во Удинезе и Горан Панде во Џенова.

Сепак и двајцата нема да бидат стартери, тие својата шанса ќе ја чекаат од клупата. За Нестор можеби и беше очекувано, а на другата страна Шевченко има намера на својот искусен напаѓач во продолжение од средбата.

Барем такви се најавите од Италија.

Инаку натпреварот започнува во 12.30 часот.

ПретходноИталија VS Македонија: Прекрасна најава за мега – спектаклот во март! (ВИДЕО)
СледноХаланд со еден гол го урна бундеслигашкиот рекорд