Три убедливи победи на фаворитите во некомплетното 10. коло од домашното одбојкарско првенство. ГОК Борец на гостувањето во Скопје однесе прилично лесна победа над екипата на Јанта волеј и остана во чекор со најдобрите на табелата. Сигурно беа и Вардар и Универзитет во Тетово, кои многу полесно од очекувањата се справија со своите резултати.
Поради одржување на турнир на ОК Шкендија, дуелите меѓу Струмица 47&72 – Лирија и Шкендија – Весна Пробиштип се одложени и ќе се одиграат во дополнителен термин.
Прва лига (мажи), 10.коло
Универзитет во Тетово – Дибра волеј 3:0 (25:13, 25:21, 25:14)
Вардар – Македонија Џио 3:0 (25:13, 25:10, 25:7)
Јанта волеј – ГОК Борец 0:3 (20:25, 17:25, 14:25)
Струмица 47&72 – Лирија (одложен)
Шкендија – Весна Пробиштип (одложен)
***Слободна е екипата на Штип УГД
ТАБЕЛА: 1. Струмица 21, 2. Борец 17, 3. Универзитет во Тетово 17, 4. Штип УДГ 15, 5. Шкендија 14, , 6. Лирија 12, 7. Вардар 12, 8. Весна Пробиштип 8, 9. Јанта Волеј 7, 10. Дибра Волеј 2, 11. Македонија Џио 1.