Халанд со еден гол го урна бундеслигашкиот рекорд

294

Ерлинг Халанд паузираше шест недели поради повреда, но се врати во саботата со гол против Волфсбург во победата на Борусија Дортмунд од 3:1 на ова тешко гостување.

Многу се почувствува отсуството на Халанд во Борусија, Норвежанецот постигна убав гол, навивачите се особено среќни што се врати пред дербито со Баерн.

Во периодот без Халанд, Борусија загуби од Ајакс, Лајпциг и Спортинг.

Халанд со еден потег собори два рекорди во Бундес-лигата. Тоа беше негов 50-ти гол во исто толку натпревари.

Никогаш претходно ниту еден играч не постигнал толку голови за толку кратко време. Тимо Кониецка, кој почина во 2012 година, играше за Дортмунд, до саботата беше рекордер со 63 натпревари.

Покрај тоа, со 21 година и 129 дена, Халанд е најмладиот играч кој постигнал 50 гола во германската лига. Од рекордите ја надмина иконата на Шалке 04, Клаус Фишер (21 година и 293 дена).

ПретходноУдинезе – Џенова: Нестор и Пандев од клупа ќе ја чекаат својата шанса!
СледноЧави покажа дека мисли на секој детал (ВИДЕО)