Хулиганите го прекинаа солунското дерби ПАОК – Арис (ФОТО+ВИДЕО)

351

За грчкиот фудбал и натаму многу повеќе се зборува за прекините, отколку за резултатите. Вечерва нов прекин, овој пат на градското дерби меѓу ПАОК и Арис.

На 120. дерби во Солун, при водство на гостите со 1:0, со голот на Манчини во 41. Минута, лути поради сигурниот пораз, навивачите на ПАОК втрчаа на теренот и предвреме го завршија дуелот. Се играше првата минута од продолжението кога мечот мораше да биде прекинат. Според извештаите од Грција, едно лице е извадено на носилки, а мечот беше формално завршен.

Натпреварите во Грција се играат без присуство на навивачи на гостинската екипа, но тоа не е причина да нема прекини поради хулиганските испади.

ПретходноСтатуата на Марадона блесна на стадионот во Неапол (ФОТО)
СледноФаворитите без грешка во некомплетното 10. коло од одбојкарскиот шампионат