Чави: Виљареал не заслужи пораз, имавме среќа!

360

Барселона синоќа дојде до првата победа на гостински терен во Ла Лига оваа сезона, откако го совлада тимот на Виљареал со 3-1. Домашниот состав беше подобар на моменти, но не реализираше, на другата страна каталонскиот гигант имаше среќа, судијата не досуди пенал иако Пике играше со рака.

Тренер Чави Хернандез е задоволен од играта на своите момци.

„Не доминиравме како што оечував, но на крајот се извлековме. Игравме против многу добар тим на тежок терен. Овие три бода ни се многу важни, морам да бидам искрен и да кажам дека имавме среќа. Виљареал не заслужи да загуби, но моите играчи дадоа се од себе. Мораме да бидеме подобри да се носиме со пристисокот на противникот. Виљареал постојано се пристискаше, одличен тим, на моменти тешко се носевме со нив“, изјави Чави по мечот.

Во следното коло Барса го пречекува Бетис по што следи8 дуелот со Баерн за пласман во нокаут фазата во ЛШ.

ПретходноКошаркарите заминаа за Киев со надеж за прва радост
СледноСтрашна повреда на Богдановиќ, на Далас не му помогна фантастичниот Дончиќ (ВИДЕО)